Уште две лица починаа од западнонилскиот вирус во изминатата недела, а бројот на лица што починаа од почетокот на годината се зголеми на 11, според извештајот на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“.
Вкупно се регистрирани 126 случаи на заболени од треската на западнонилскиот вирус, според извештајот на Институтот „Батут“, што значи дека во период од една недела се разболеле 24 лица, а две починале.
Првиот случај на западнонилска треска беше регистриран во Србија кон крајот на јули 2012 година. Оттогаш до 2017 година пријавени се 574 случаи, а починаа 61 лице.