Во среда пресуда за „Ќелија“, сите обвинети ја признаа вината


Во среда Судот треба да ја соопшти пресудата за петтемина обвинети во случајот „Ќелија“, кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава (IS), откако на денешното судење и тие како и останатите шестмина обвинети ја признаа вината.sud mk 1

Иако на оцената на обвинителниот акт тие рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата со кои се товарат, Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Мухамед Имери, Ерол Рустеми и Стефан Стефановски, се премислија и ја признаа вината.

При изјаснувањето сите рекоа дека доброволно го прават тоа и оти се свесни за последиците. Обвинителот Владимир Милошевски побара обвинетите да се прогласат за виновни согласно законските одредби. Адвокатите, пак, побараа судијата да ги земе предвид сите олеснителни околности и да им изрече поблаги казни.

При оценувањето на обвинителниот акт вината ја признаа Оџата Реџеп Мемиши, Ахмет Дарлишта, Сејфула Етемовски, Ресуљ Саити, Фазљи Суља и Мухамед Шеху.
Тие беа осудени на минимални затворски казни од пет до седум години.

Според обвинението, една група обвинети подготвувале лица кои ќе одат да учествуваат во странска војска, друга група обезбедувале парични средства и друга поддршка во материјална смисла за лицата да бидат подготвени за пат пред и за време на нивното учество во странска војска, а третата група учествувала во борбите на страната на Исламската држава во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1