На 15 август околу 8.30 часот во ЕИК-Скопје пријавена е сообраќајна незгода на клучка Стајковци во која автомобил ауди, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј. од село Стајковци, удрил во војникот Х.А.
Имено, Х.A. како член на патрола на АРМ, која била поставена на горенаведеното место, на возачот на автомобилот ауди му укажал дека не смее да продолжи со движење во правецот кој бил затворен поради работа на патот со механизација.
Истиот не ја почитувал дадената наредба, го стартувал возилото и продолжил, при што со левиот ретровизор го удрил Х.A. и го напуштил местото на настанот.
За кратко време, од страна на патрола од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) истиот бил запрен и задржан.
На Х.A. му била укажана лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“ по што, по констатирана телесна повреда, бил пуштен на домашно лекување.
Од страна на ОУСН бил извршен увид на местото на настанот.