Во стампедото во Мека нема загинати аџии од Македонија


Нема загинати аџии од Македонија во несреќата која се случи во Мека, соопшти поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Тој објасни дека околу 1000 аџии од земјава во моментов се наоѓаат во Мека и дека тие се безбедни и се вратени во хотелите.

meka bajram

-Како и да е, нам не ни е пријатно тоа што се случи, без оглед на тоа што тие луѓе не се од кај нас, ние човечкиот живот го цениме како светост. Најверојатно таква била судбината, на таков начин, во таква форма да завршат. Го молиме возвишениот Алах да им се простат сите гревови, рече Сулејман Реџепи- поглавар на ИВЗ.

Оваа порака поглаварот на ИВЗ Реџепи ја испрати од приемот Бајрамска баклава, организиран по повод првиот ден на Курбан Бајрам. Тој испрати и порака за мир и заедништво.

-Нашата мисија е да ги негуваме задништвото, благосостојабата, мирот, нашата мисија е да бидеме посвтетени заштитници на нашата хармонија, која нашиот творец ја створил за нас во овој живот. Не постои ништо посвето од жртвувањето во чест на таа хармонија, рече Реџепи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1