Во странство заглавени 2.300 граѓани, ќе се враќаат со хуманитарни летови


Македонски државјани во екот на пандемијата од COVID-19 заглавени во Истанбул одбиле да се качат на организиран лет откако им било кажано дека во земјава 15 дена ќе треба да поминат во карантин.

Околу ова скандалозно однесување извести министерот за надворешни Никола Димитров. Летот бил организиран во договор со Црна Гора.

Околу 2300 македонски граѓани низ светот досега ги исконтактирале нашите амбасади и конзулати дека сакаат да се вратат во земјава. Ако прифатат да бидат сместени во државен карантин, до утре попладне ќе се знае точната бројка и со хуманитарни летови ќе се вратат во земјава. За оваа намена ќе се користат државни објекти и хотели.

Освен повратниците, во државен карантин ќе одат и сите што бегаат од самоизолација. Но прекршителите на мерките освен казните, ќе си ги платат и трошоците за времето поминато во карантин.

Дел од мерките кои ќе ги преземе владата синоќа во Само Интервју на Канал 5 откри и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Над 40 лица од Прилеп, Кичево, Охрид, Ресен Битола, Струмица, Куманово, Струга и други градови досега се казнети зашто не ја почитувале обврската за самоизолација во рок од 14 дена оти се вратиле од некоја од земјите со висок и среден ризик за корона вирусот. Најмалата казна е 1000 евра, повеќето се по 4000, додека побараната парична казна за докторот од Кавадарци е 4500 евра кој наместо да остане во изолација по враќањето на ќерката од Италија, продолжил да оди на работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1