Во Тафталиџе ќе се градат нови згради, револт кај граѓаните


Турканици од револтирани граѓани во премалата канцеларија на месната заедница во Тафталиџе 1. Јавната презентација  на предлогот за изменување на деталниот урбанистички план, се претвори во кавга помеѓу граѓаните и претставничка о општина Карпош, која ја напушти просторијата. Жителите на улиците Варшавска и Букурешка се бесни на предложените промени, со кои како што велат ќе живеат заробени како во кафез, јавува Телма.

Screenshot_140

-Замислете едната што сакаат пред нашата зграда пред детското игракиште ќе биде на 6 спрата, позади зградата ќе биде на 6 спрата и од страната кај домчето сакаат да ја дигаат на 18 спрата. може да замислите што ќе биде ова, ќе биде општ хорор, ниту ќе има простор за живеење, ниту ќе има зеленило.

Граѓаните велат дека новите измени предвидуваат да се гради зграда со 10 ката со 25 метри висина на местото на некогашниот објект на Месната заедница Тафталиџе 1, кое е во сопственост на Социјалистичката партија на Македонија.

Жителите на населбата очекуваат јавна расправа за измените во ДУПОТ и велат дека нема да дозволат насилно уништување на просторот каде живеат.

Telma.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1