Во тајновитост се гради – „чудо“ почнува да се наѕира на Плаошник (Фото)


Од шеталиштето и централниот дел на Охрид веќе почнува да се наѕира новото градителско „чудо“ кое се гради на Плаошник.

plaosnikavgust2Со габаритот, но и тајновитоста со која се одвива целиот проект, тој уште неизграден веќе успеа да ги подели мислењата кај охриѓани. Едни го одобруваат и велат дека е добро да се возобнови Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, а според другата страна не е проблемот во црквата на Плаошник, колку новите згради што треба да се направат околу неа, кои заедно со „екскурзијата“ со Субрата Рој и најавите за Љубаништа, сериозно можат да го доведат во прашање местото на Охрид на списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО, пишува ohridpress.com.

– Што се однесува до самиот проект Плаошник, јавноста треба да знае дека нашата инстиутуција е проектант на сите објекти, додека изградбата се остварува во тесна координација со Управата за заштита и Министерството за култура, изјави неодамна директорката на Завод и Музеј во Охрид, Тања Паскали – Бунташеска.

Во меѓувреме кон Плаошник, по заобиколен пат отворен околу Самоиловата тврдина, со тешка механизација се доставуваа материјали потребни за изградба на резиденцијата на МПЦ и музејскиот комплекс од вкупно десетината објекти, распослани околу црквата „Св. Пантелејмон“ во која почиваат моштите на Св. Климент, турбето на големиот турски великодостојник Синан Челеби и базиликите со вредни мозаични подови. Во сето тоа треба да се инвестираат најмалку 25 милиони евра.

ohridpress.com

plaosnikavgust3

plaosnikavgust1

plaosnikavgust2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1