Во Тетово забележани лица во црни униформи


Лица во црни униформи легитимирале и заканувале граѓани во Tетовско, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, коментирајќи ги шпекулациите дека деновиве во регионот на Тетово се забележани непознати лица како легитимираат граѓани, јави Журнал.licavo-crni-uniformi-630x400

 

Во изјава за порталот, Ќамили вели дека две непознати лица, облечени во црно, се заканувале на неколку граѓани во овој регион.

– Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица во црни униформи, но без обележја се заканувале на вработени на Водовод Тетово. Тие не се претставиле како припадници на некоја гарда, односно, како што се шпекулира, Гардата на Илирида – вели Ќамили.

Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи ги превзема сите безбедносни мерки согласно законот.

– Ќе продолжиме да собираме информации и да ја следиме ситуацијата. Од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување – вели Ќамили.

Пред неколку дена, во некои медиуми беше објавено соопштение од  т.н Гарда на Илиридата, во која се вели дека нејзини припадници ќе патролираат низ Македонија на сите територии населени со Албанци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1