Археолозите во Турција веруваат дека пронашле мал дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
Откриен е во камен ковчег стар 1.350 години, крај црква од седмиот век во Синоп, Турција, по што е пратен на тестирање, како би се утврдила неговата автентичност.
Артефактите биле ископани за време на ископувањето во црквата Балатлар во турската провинција Синоп, и неодамна беа прикажани од лидерот на тимот за ископување, Гулгун Короглу.
Таа им покажа на новинарите на самата локација камен со врежани крстови. „Оваа камена кутија е многу важна за нас. Таа има историја и е најважниот артефакт што сме го ископале досега“, рече таа.
Легендата вели дека своевремено делови од крстот се праќани на верски водачи ширум светот, со што може да се објасни како ова парче завршило во Турција.