Во учебниците на грчките средношколци Македонија може да се сретне запишана под уставно и историско име, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Станува збор за мапа што датира од периодот по Втората светска војна објавена во учебниците на грчките матуранти.
Под насловот „ШОК: Македонија наместо Скопје во книгите за трета година средно”, дел од грчките портали и блогови пишуваат: „На картата на 130-та страница од книгата, Скопје е запишано како посебна држава Македонија”, стои во текстовите.