Во урнатиот авион патувале и 20 дечиња кои биле на екскурзија


Шпанските власти соопштија дека група од 20 германски дечиња на училишна возраст патувале со урнатиот Ербас А320 на „Џерманвингс“. Спасувачките тимови се подготвуваат да се обидат да го пребараат местото каде што паднал авионот.avionot-erbas500

Германската канцеларка Ангела Меркел рекла дека утре ќе се обиде да го посети местото. Германскиот министер за транспорт Александер Добринд и голем број авиобезбедносни експерти веќе се упатени кон местото.

„Џерманвингс“ потврди дека во авионот биле 150 луѓе, меѓу кои 144 патници, двајца пилоти и четворица екипаж.

Во 9.4 часот авионот, кој полетал од аеродромот во Барселона и бил упатен кон Дизелдорф, испратил сигнал за помош. Последните зборови на пилотот биле „Критично, критично“. Се верува дека најголем дел патници биле Германци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1