Во вторник Владата ќе одлучува за разрешување на Лазо Велковски


На седница на Владата во вторник ќе се одлучува дали директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски ќе биде разрешен од својата функција, по скандалот со службениот ип на МВР виден во Грција, објави „Слободен печат“.

lazo velkovski

Од Владата очекуваат да го добијат предлогот од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Велковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа и оставка од министерост Спасовски.

Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување“ се вели во соопштението на МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1