Во замокот на „Пепелашка“ има скриена соба – најубава на светот (Видео/Фото)


enhanced-buzz-1988-1364497241-6

Во најпознатиот замок на „Пепелашка“ во Дизниленд има само една соба која Волт Дизни ја измислил и сакал во неа да престојува само тој и неговото семејство кога би го посетувале забавниот парк.

За жал Волт почина пред да се изгради замокот, но замислата за прекрасна соба во замокот која живеела 40 години заживеала во 2005 година и тоа во замокот на „Пепелашка“ и изгледа вака.

Во апартманот може да престојуваат шестмина и има мебел од 17 и 18 век.
Кралската бања е достојна и за крал. Лавабоата се изработени рачно со обликуван бакар и со сребрени ливчиња на нив.

Но, можеби најмагичниот дел од станот е специјално порачаниот џакузи со водопад и хромотераписко осветлување.

Последните луѓе кои престојувале во овој апартман се Кевин и Даниел Џонс во 2010 година. Овој апартман не може да се изнајми затоа што користи само за промоции и добротворни настани.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1