Извлекувањето на потонатиот крузер Коста Конкордија поради лошите временски услови започна во осум часот. Потфатот ќе трае 10-12 часа, а поморскиот сообраќај до островот Џилио е целосно забранет.
Дваесет месеци по несреќата на бродот, во која загинаа 30 лица, а две се сметаат за исчезнати, италијанските власти дадоа зелено светло за оваа операција на исправување на бродот.
Со помош на цементни вреќи и посебно изработени метални платформи, претходно работниците успеаја да го стабилизираат бродот кој секој момент можеше да се излизга во подлабоки води.