Радикални демонстранти на киевскиот плоштад “Независност” нападнаа кордон полицајци на улица во близина на плоштадот. Со тоа е нарушено примирјето во Денот на жалост.
Демонстрантите употребија огнено оружје против полицијата која се повлече и чека засилување, јави ИТАР-ТАСС.
Украинското МВР соопшти дека снајперист пука врз полицајците на плоштадот и притоа се ранети над 20 припадници на полицијата.
Демонстрантите палат гуми и фрлаат со молотови коктели и камења врз полицијата. Силите на редот пукаат врз демонстрантите со гумени куршуми и шок бомби. Портпаролот на МВР во изјава за локална телевизија изјави дека врз полицајците била употребена и отровна суспстанца.
Припадници на специјаланата полициска единица Беркутт презедоа акција и се обидуваат да ги растераат демонстрантите од киевскиот плоштад Независностт, јави ИТАР-ТАСС. Во операцијата се употребуваат шок-бомби и гумени куршуми. На плоштадот се слушаат силни експлозии и се издига црн густ чад.
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО ШТО СЕ СЛУЧУВА ДЕНЕСКА ВО КИЕВ НА ОВОЈ ЛИНК.