Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави викенд на отчетност, реални проекти и дела. Следниве три дена ќе има партиски настани, собири и трибини на кои ќе се дискутираат нашите проекти, постигнувања, но и генерални политики.
Во Македонска Опера и Балет (МОБ), мала сала, во 17:30 часот ќе се одржи Панел дискусија „Видливи и реални проекти“ (низ призмата на видливоста и реалноста, оствареноста на нашите проекти се зборува за култура, спорт, образование, социјала).