Водата навира повторно: Наредена целосна евакуација на Обреновац – нов поплавен бран


Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ нареди итна и целосна евакуација на луѓето од Обреновац поради нов поплавен бран, што надоаѓа од правец на Забрежје.

471002obrenovac-novo01foto-reuters-marko-djuricaffВо соопштението на МВР на Србија се додава дека се очекува пораст на нивото на реката Сава.

Во Обреновац, град на 30 километри јужно од Белград загинаа најмалку 13 луѓе во поплавите. До моментот од градот се евакуирани повеќе од 7.000 луѓе.

Размерите на катастрофата што го зафати тој дел од регионот на Балканот се околу 22.900 квадратни километри, што е повеќе од државите Словенија (20.256 кв.км.), Израел (22.145 кв.км.) или Кувајт (17.817 кв.км.). По држави во БиХ се поплавени 11.200 кв.км., а во Србија се 9.100 кв. км. (колку и плоштината на Кипар), во Хрватска се поплавени повеќе од 600 кв. км.

Просечното количество врнежи во регионот во мај е околу 90 литри на кв. метар. Во изминатите денови само во Тузла наврнале над 300 литри на кв. метар што е апсолутен рекорд за изминатите 120 години откако се вршат мерења.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1