Водата во Тетово забранета за пиење


Од денеска во попладневните часови, низ чешмите во градскиот водовод протече матна вода. Според официјални лица, од дозволени 1,5, матноста изнесува околу 60. Според д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје во Тетово, нема простор за паника, бидејќи испитувањата покажале дека водата бактериолошки е исправна и содржи доволни количини хлор. Давидовски уверува дека набргу водата ќе се избистри.90718_voda-iz-cesme_f

Зголемената матност на водата произлегува од изведување градежни работи околу нов ски лифт на Попова Шапка. Работите се сопрени и се очекува водата да ја добие првобитната чистота. Дотогаш, сепак, важи забраната за пиење вода од градскиот водовод во Тетово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1