Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, општина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека на каптираните извори на кои е утврдена неисправност на водата за пиење, е поставена табла со предупредување.
Се работи за каптираните извори-јавни чешми на следните локации:
Каптиран извор јавна чешма –Горномаалска чешма во село Драчево;
Каптиран извор – јавна чешма сред село Драчево;
Каптиран извор- јавна чешма Св.Петка –Кисела Вода ( уз.Црниче)
Исправноста на водата за пиење од сите постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода е утврдена согласно Правилник за безбедност на водата ( Сл.Весник на РМ бр.46/ 08 , по налог на Министерство за здравство на РМ согласно Годишната Национална програма за 2014 година).