Двајцата австралиски радио водители, кои поради една нивна „невкусна шега“ направена во текот на радио програмата, која предизвика самоубиство на една медицинска сестра во Лондон, добија отказ од радио станицата за која досега работеа.
Трагичниот инцидент се случи откако беше откриено дека Кетрин Мидлтон, сопруга на британскиот принц Вилијам е бремена, како и дека поради тешкото повраќање морало да биде префрлена во болницата „Кинг Едвард Седми“ во Лондон.
Болницата каде се лекуваат членовите на британското кралско семејство,важи за мошне затворена и воздржана кога станува збор за третманот на кралските пациенти, па во случајот со Мидлтон, јавноста во Велика Британија не можеше да ништо да разбере за здравствената состојба на популарната војводка од Кембриџ.
Австралиските водители сакале да разберат први за тоа што се случува со идната британска (и австралиска) кралица, па се јавиле во болницата, лажно претставувајки се како кралицата Елизабета и престолонаселдникот Чарлс,свекор на младата војводка.
Медицинската сестра која го примила повикот не се посомневала во идентитетот на лугето кои прашале за состојбата на Мидлтон, па повикот го префрлила до одделот каде лежела пациентката,од каде радио водителите го разбрале се она што лондонските медиуми не го знаеја.Кога се откри измамата и лажниот повик, болницата јавно му се извини на кралското семејство,но вистински шок настана кога два дена подоцна беше најдено мртвото тело на медицинската сестра.
Јасинта Салдања, мајка на две деца, се самоуби, обесувајќи се во својата болничка соба, осрамотена од својата грешка. Радио станицата во Австралија, веднаш потоа ја запре програмата на дотогаш популарната програма, а од вчера им даде отказ и на двајцата водители.
kurir