Американски воен авион паднал во населено подрачје и уништил две куќи на југот на Калифорнија – нема повредени
Военото летало паднало на куќите вчера во попладневните часови по локално време во гратчето Империјал, во близина на границата со Мексико, 145 километри источно од Сан Диего. Авионот хариер АВ-8Б се урнал и експлодирал, паднал врз една куќа, која е целосно уништена, а од експлозијата била оштетена уште една куќа.
Пилотот претходно безбедно се катапултирал. Одговорните изјавиле дека пилотот подоцна бил префрлен во болница на преглед, но набрзо бил пуштен.
Ова е втор пад на авион од типот хариер од воздухопловната база Јума во последниот месец