Војникот кој се борел уште 29 години по 2 Светска Војна бидејќи не знаел дека завршила


Хиру Онода е јапонски граѓанин кој работел за една кинеска компанија за трговија. Кога имал 20 години, бил повикан да се бори за јапонската армија. Тој веднаш се откажал од работата и се упатил кон Јапонија на вежби. Подоцна бил избран да биде офицер на империската армија. Тој бил испратен од страна на непријателот и бил оставен со уште неколку војници да живее во мизерен живот и да собира информации од непријателите.

20121216-vojnikot-koj-se-borel-ushte-29-godini-po-vtorata-svetska-vojna-bidejkji-ne-znael-deka-zavrshila-1На 26 декември 1944, Онода бил испратен до еден остров на Филипините. Тој бил оставен таму и мѕ било забрането да си го одземе животот. Тој требало да остане да ги чека останатите да дојдат по него, без разлика колку години им е потребно. Како офицер, тој бил одговорен за војниците кои исто така биле оставени таму и тој требало да ги води во битките.

Наскоро, островот бил полн со непријатели и наскоро, островот бил освоен. Тогаш, останатите јапонски војници се поделиле во мали групи и се криеле во џунглата. Поголемиот дел од овие групи набрзо биле убиени. Групата на Онода не била убиена. Тие продолжиле да користат воени техники за бегање од противниците додека се хранеле со банани, кокос и друга храна од џунглата.

Во октомври 1945, локалните жители им оставиле порака на војниците дека војната завршила во Август и тие може да се симнат од планините. Малкумината преживеани војници разговарале за пораката и заклучиле дека таа е стапица од непријателите. Тие сметале дека е чудно Јапонија да се предаде толку брзо, но тие не знаеле за атомските бомби кои биле фрлени над Хирошима и Нагасаки.

Подоцна, со авиони биле пуштани уште пораки, фотографии од нивните семејства и било објавувано со мегафони дека војната е завршена и војниците може да излезат од џунглата. Но, тие секогаш наоѓале нешто сомнително што не им дозволувало да поверуваат во тие пораки и тие не се предавале. Војниците продолжиле да се кријат во џунглата и да извршуваат воени техники врз секого кој ќе поминел, иако изгледале нормално. Тие започнале да веруваат дека дури и локалните жители биле непријатели и сите намерно биле облечени во цивилна облека.

20121216-vojnikot-koj-se-borel-ushte-29-godini-po-vtorata-svetska-vojna-bidejkji-ne-znael-deka-zavrshila-2По пет години, еден војник решил да се предаде без да им каже на останатите војници. Поради ова, групата на Онода станала уште повнимателна. По уште пет години, еден војник бил убиен во пресметка на плажа. Сега останале уше двајца војници, Онода и Козука. Во следните 17 години, двајцата војници живееле во џунглата, убедени дека Јапонија ќе победи и ќе прати трупи по нив.

Во октомври 1972, по 27 години криење во џунглата, Козука бил убиен за време на кавга со Филипинец. Јапонците мислеле дека тој е одамна починат, но кога го пронашле неговото тело, помислиле дека Онода, исто така, не е починат, иако одамна бил прогласен како таков. Јапонците пратиле луѓе за да го најдат Онода во џунглата. За жал, тој бил премногу добар во криење по 27 години пракса. Тие не успеале да го пронајдат.

Во 1974, еден студент, Нарио Сузуки, одлучил да патува низ светот. Помеѓу нештата на неговата листа биле да го пронајде Онода. Тој допатувал до островот и го барал Онода. Зачудувачки, додека илјадници други не успеале, Сузуки го пронашол Онода. Потоа се обидел да го разубеди Онода и да го одведе дома со него. Онода одбил. Неговите команданти му кажале дека ќе се вратт по него без разлика на сѐ и тој не се предавал.

Сузуки отпатувал до Јапонија со вестите дека го пронашол Онода. Командантот Танигучи, кој веќе бил пенсиониран и работел во книжарница, бил однесен на островот за да му каже на Онода дека Јапонија ја изгубила војната. На 10 март 1975, на возраст од 52 години, Онода во својата униформа која била одлично сочувана, излегол од џунглата и го предал својот самурајски меч на претседателот на Филипини.

Кога Онода се вратил во Јапонија бил сметан за херој. Исто така, добивал надомест во следните 30 години. Тој објавил своја автобиографија со авантурите кои ги доживеал. Во 1996, се вратил на островот каде се живеел 30 години и донирал 10 000 долари на локалните училишта.

 fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1