Иако кралската куќа неколку недели најстрого ги чуваше подалеку од јавноста информациите за полот на најочекуваното бебе на островот, Војвотката од Кембриџ неодамна со невнимание ја раширила веста дека очекува девојче.
Зборовите на војвотката сами и излетале од устата за време на посетата на Гримсбиј, каде Кејт била пречекана од околу 2000 луѓе.
Кога една обожавателка, 41-годишната Дијана Бартон и подарила на Кејт плишано мече за бебето, Кејт се заблагодарила и рекла: „Благодарам, ќе го земам мечево за мојата ќ…“
Војвотката се воздржала да изговори до крај, но веќе шпекулациите се рашириле.
инпрес