Војвотката од Алба: Од преубава жена до карикатура (фото)


Војвотката од Алба (87), за некои контроверзна, за некои смела, има најголем број племенски титули, голем број нижевни наслови и милијарда евра на сметка, но најголемо внимание привлекува поради бројните пластични операции кои сега го изменија нејзиниот лик.

Полното име на Војвотката од Алба е Мариа дел Росарио Каетана Палома Алфонса Викториа Еухенија Фернанда Тереса Франсиска де Паула Лурдес Антониа Хосефа Фауста Рита Кастор Доротеа Санта Есперанса ФИц Џејмс Струарт де Силва Фалко Гуртубај.

hitportal-vojvotka-260x179

Бројот на книги кои ги напишала изнесува 44. Според нејзини блиски пријатели, таа извршила и толку пластични операции.

hitportal-karikatura

Војвотката од Алба не само што е најбогата, туку и најинтересна жена во Шпанија. Таа тешко се движи, а уште потешко зборува. Во телевизиските емисии во кои гостува, нејзиниот говор се следи со превод.

Сепак таа е веќе стара и тоа е нормална работа, но староста е значително отежната поради хируршките зафати.Директниот потомок на англискиот крал Јакоб II, зад себе има три бракови во кои доби шест деца. Војвотката се повеќе ја губи војната со староста, што покажуваат и нејзините најнови фотографии.

А пред само три години имаше храброст за голема одлука. Таа се омажи за 24 години помладиот Алфонсо Диез.

„Се мажам затоа што на Алфонсо и на мене ни се допаѓаат исти работи, јас сум католик и не можам да живеам во гревови“, рекла таа.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1