Драма во скопското село Волково, се истепале поради кучиња. Според информациите на полицијата, вчера во 20,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.К.Ј.(50) пријавила дека околу 19 часот во близина на игралиште во село Волково, додека нејзиниот 15 годишен син ги шетал своите кучиња, дошло до недоразбирање со непознато женско лице околу кучињата. Потоа дошол нејзиниот сопруг и физички го нападнал малолетникот. Се работи на целосно расчистување на случајот.