Волци изеле емигрант кој сакал да влезе во Македонија


Диви животни, најверојатно волци масакрирале емигрант во близина на македонската граница, од бугарска страна, пишуваат медиумите во Софија, пренесува Курир.

volkТрупот на мажот е најден од случајни минувачи вчера околу 20 часот во реонот на селото Долно Тишаново кои се потресле од глетката. Телото му било целосно изгризано, а трупот бил без глава и крајници.

Станува збор за човек кој бил на возраст од околу 40 години, кој бил нападнат од волци во обид да ја мине границата со Македонија.

Полицијата во остатоците од неговата облека нашла некакви документи, но се уште нема прецизни информации за неговиот идентитет, иако се претпоставува дека се работи за емигрант.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1