Вонемирувачко откритие: Патник од малезискиот авион имал маска со кислород


Холандското обвинителство соопшти денеска дека телото на еден од патниците загинати во падот на малезискиот авион на 17 јули над источна Украина, е пронајдена маска со кислород околу вратот, што наведува на прашањто дали патниците биле свесни за тоа дека авионот ќе се урне.avion ukraina

Портпаролот на холанското обвинителство Вим де Броин изјави дека еден од патниците инаку австриски државјанин, немал маска на лицето, но еластичната лента од маската му се наоѓала околу вратот. Тој изјави дека не е познато “како ни кога маската се нашла околу вратот на жртвата“.

Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа на 17 јули на истокот од Украина кога се урна авионот на летот од Амстердам до Куала Лумпур, а холандските истражители минатиот месец соопштија дека авионот веројатно го собориле повече “објекти со голема разорна моќ“, кои предизвикале распаѓање на леталото во воздух.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1