Поројни дождови ни најавуваат за денеска и утре метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Повремено врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и се очекува во јужните делови да наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен, на места засилен ветер претежно од југоисточен правец”, се вели во вонредната прогноза од УХМР.
Температурите ќе се движат до максимални 16 степени.