Вонредна прогноза на УХМР: Денеска и утре поројни дождови и поплави


Поројни дождови, а потоа и поплави ни најавува Управата за хидрометеоролошки работи во својата вонредна прогноза за денеска и утре.

dozd_1_7“Денес и утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер. Во источните делови ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на ситен град. Локално се очекува да наврнат повеќе од 40л/м2. Во среда ќе има повремен слаб дожд, а на планините заради заладувањето ќе има слаб снег“, информираат од УХМР.

Поради топлото време и врнежите од дожд на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка. Од Управата додаваат дека со оглед на тоа што се очекуваат нови врнежи, има услови за излевање на помалите водотеци во Струмичко, Радовишко, Валандовско и Гевгелиско, како и на р.Струмица, во подрачјето на Сушево и Ново Село.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1