Пообилни поројни врнежи од дожд се најавуваат за попладне и вечерните часови во југоисточните делови од земјава. Во текот на ноќта пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови, локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка значително ќе се зголеми.
Утре и во вторник ќе се задржи променливо облачно со локални врнежи од дожд, ана планините снег.
Дневните температури ќе бидат во пораст, потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.
Минималните температури ќе се движат утре од минус два до пет степени, во вторник од нула до четири, среда од минус три до три, во четврток од минус три до четири, во петок од еден до шест и во сабота од три до осум степени.
Дневната температура ќе се движи во интервал од два до 12 во текот на утрешниот ден, во вторник од шест до 12, во среда од пет до 11, во четврток од осум со 15, во петок од 11 до 19 степени и во сабота од 14 до 21 степен.