Вонредна прогноза од УХМР: Силно невреме се приближува кон нас


Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Врнежитт на некои места во земјава ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен.

Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени.

И во текот на наредните денови невреме.

Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети, по најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд.

Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, соопштија денеска од Општина Аеродром, се расчистуваат одводните канали и шахти за да се спречи нивно прелевање на целата територија на општината.

– Сезонските работници се веќе на терен и ја чистат реката под мостот во Долно Лисиче, а во текот на денот се очекува да биде испратена и целокупната механизација со која располага Општината, стои во соопштението.

Од Општина Аеродром им препорачуваат на граѓаните да ги преземат сите мерки за заштита на своите домови и да ги следат препораките на УХРМ.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, во координација со членови на Кризниот штаб и другите надлежни институции, денеска договорија преземање активности и превентивни мерки за заштита од најавените обилни врнежи и невреме во нашата земја, соопштија од општинската служба за односи со јавноста.

Побарана е мобилизација од страна на сите општински и државни институции и органи на територијата на Општина Гевгелија кои согласно надлежностите треба да преземат мерки за заштита од поплави и можно излевање на речните водотеци и одводните канали.

Подрачните единици на ДСЗ и ЦУК се задолжени да извршат детална проверка на исправноста на сите ресурси со кои располагаат заради навремено дејствување и превенирање на терен.

ТППЕ Гевгелија ќе воведе дежурство и ќе изврши контрола на критичните точки за можно излевање, а Комуналец ќе изврши контрола на шахтите во градот и населените места и ќе ја провери нивната пропусна моќ.

Од градежните фирми е побарано да ја стават на располагање сета градежна механизација за интервенции на терен доколку се наложи потреба за тоа,а од граѓаните се бара да ги почитуваат препораките, особено за обезбедување слободно движење на возилата кои ќе бидат ангажирани за превенција при евентуална природна непогода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1