Нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи ќе има денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, најавуваат метеоролозите.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Утре најсвежо ќе биде во Маврово и Берово, каде температурата ќе биде 15 односно 18 степени, додека пак, највисоките дневни температури ќе се забележат во Гевгелија-28 и во Демир Капија со еден степен помалку.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со највисока дневна температура од 22 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.