Вонредна прогноза за попладне: УХМР најавува невреме со интензивни врнежи


Во текот на попладневните и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои на места (локално) ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, информираат од УХМР.

Во моментов во поголем дел од земјава, особено во планинските подрачја веќе има нестабилна облачност, на места проследена со пороен дожд и грмежи. Во Скопската котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час.nevreme dozd 11

Попладнево ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (и над 30 л/м2), а на места ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град.

Според прогнозата на синоптичарите ваквите процеси се очекува поизразени да бидат во северните и западните делови на земјата, така што во овие делови е можно активирање на суводолиците и на некои помали водотеци.

-Ова особено се однесува на поројните водотеци во Кумановскиот регион, водотеците од Шар Планина, Полошкиот регион и сливот на р.Лепенец и р.Пчиња. Исто така, доколку локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд можно е на удар да бидат и градските урбани средини (Скопје, Куманово, Тетово) каде поради асфалтот и бетонот нема можност за инфилтрирање на водата, информираат од Управата.

Ако се остварат прогнозите за количеството на врнежи (се предвидуваат над 30 l/m2) се очекува зголемување на водостоите и на поголемите реки во посочените региони. Можна е и појава на одрони и свлечишта и се препорачува внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и подвозниците.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Стадата животни да се групираат во помали групи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1