Властите во американските сојузни држави Флорида, Алабама и Луизијана денеска прогласија вонредна состојба поради наближувањето на тропската бура Нејт.
Во моментот жариштето на бурата е 185 километри источно од брегот на Хондурас и во САД се очекува да стигне в недела.
Според Амер5иканскиот националниот центар за урагани, бурата може да прерасне во ураган од прва категорија и да донесе врнежи во крајбрежните области од 50 до 150 милиметри.
Центарот соопшти дека се објавени предупредувања за ураган и силна бура за северното крајбрежје на Мексиканскиот Залив.
Невремето е придружено со ветрови со брзина од 85 километри на час. Се очекува вечерва Нејт да стигне до јужниот дел на Мексиканскиот Залив, а утре вечер или в недела до неговото северно крајбрежје.