Вонредна состојба во Италија: Бројот на жртви се искачи на 247 има над 350 повредени (Видео)


Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди централна Италија се искачи на 247, а според локалните власти нивниот број и натаму ќе расте, бидејќи се уште се трага по затрупани под урнатините.25082016085244_web_amatrice_italy-520x347

Засега има 350 повредени од кои над 100 се во критична состојба. Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба.

Утрово истото подрачје е погодено од нов земјотрес со јачина од 4,7 степени, а според податоците на американскиот Геолошки завод епицентарот бил на 7 километри источно од градот Норча.

Во Норча што се наоѓа на 170 километри северозападно од Рим беше и епицентарот на вчерашниот разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер, кој речиси ги срамни со земја околните градови Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1