Во Градски парк во Скопје се случува вистинска бркотница помеѓу членови на навивачката група Комити и полицијата, јавува Сител
Имено на половина час пред почетокот на натпреварот помеѓу Вардар и Стеауа вратите од Западната трибина беа затворени за Комитите. Навивачката група која броела од околу 2000 луѓе пробале насилсно да ги отворат вратите и ги отвориле, при што наишле на голем отпор од полицијата и ЕБР.
Во бркотницата нанесена е голема штета на ресторанот Вршац, и неколку приватни автомобили. Повредени се неколку навивачи, како и приведени.
Бркотницата сеуште продолшува околу Националната арена и се слушааат топовски удари, како и кршење на стаклени шишиња.
Сител