Накратко по почетокот на протестот пред Собранието на Р.Македонија, дојде до судир помеѓу полицијата и демонстратите, откако истите ја срушија заштитната ограда пред Собранието, јавува Република.мк
Полицијата ја растера толпата со шок-бомби и солзавец. Демонстратите се жалат на проблеми со дишењето, а Инфомакс објави дека е повреден новинарот на редакцијата кој го покривал настанот.
Насобраните граѓани извикуваа „Не го даваме името“ и пееја патриотски песни.