Студениот фронт во склоп со СИЛВИЈА кој треба да стигне оваа вечер а особено претстојната ноќ веќе се наоѓа во Босна и Херцеговина па полека навлегува во Соседна Србија како и во Црна Гора па потоа се спушта кон нашата територија.
Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец и тој ќе биде најава за овој фронт, особено засилен ветер ќе има Долж Повардарието.
Понатаму сеуште ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можност и за редок град.
Во втората половина од ноќта поточно кон утринските часови и утре (сабота) од северозапад ќе помине и влажна воздушна маса која на повеќе места ќе услови врнежи од дожд додека температурите до утрешното саботно утро треба да се спуштат за околу 10 степени а понекаде дури и за околу 15 степени.
Поради значителниот и наглиот пад на температурите на највисоките планински врвови од државава особено на северозападот и северот не се исклучува можноста да провее малку снег.
Температурите на воздухот во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени додека како што ќе поминува овој бран од северозапад кон останатите предели на државава ќе условува и пониски температури за време на истиот.
Многу свежо време понекаде дури и релативно студено ќе имаме во недела наутро кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени додека на планините а особено на високите планини истите ќе паднат и во негатива каде се очекува и појава на мраз.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.