Две девојки и едно момче, сите на возраст од 20 години загинаа во страшната сообраќајна несреќа која вчера рано наутро се случи во центарот на Нови Сад, Србија. Српските медиуми објавија снимка од страшниот судир.
Како што дознава „Блиц“, 21-годишниот Д.В, возач на автомобилот кој удри во “полото“ во кое се наоѓаа три млади лица се враќал од прослава на годишнина од полуматура. Тој е уапсен и се наоѓа во притвор.