Вонземјани во иднина би можеле да ги пронајдат само овие слики од човековата раса


Проектот „Last Pictures“ на Тревор Паглен, кои што се состои од лансирање во вселената на 100 фототграфии снимени на планетата земја. Се очекува лансирањето да се случи во есен, преку сателитот Echotar XVI.


Идејата за овој проект е да се остави траг на човековата цивилизација на Земјата, по милијарди години, кога сите знакови на човековата цивилизација ќе исчезнат од нашата планета. Паглен 100 фотографиите ги одбрал во соработка со научници, антрополози и луѓе вработени во музеи.

Споменатиот сателит, е идеална платформа за временска капсула, која може да издржи долг временски период и да остави дел од сведоштвото за нашата раса на „евентуалните“ доселеници во далечната иднина.
Од првичните 10,000 фотографии, по првиот елиминациски круг се сведеле на 500, за на крајот конечната бројка да се сведе на 100. Можеби некои од вас нема да се согласат со изборот на ваквите фотографии, но истите се одбрани по долго размислување од страна на соодветен кадар.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1