Вооружен маж уби над 50 лица во Лас Вегас на концерт на кантри музика


Концерт на кантри музика во американскиот град Лас Вегас заврши трагично за најмалку 50 лица додека над 200 се повредени. Над 30 000 илјади биле присутни на концертот на отворено кога од засега непознати причини кон нив било пукано од блискиот хотел Манделеј Беј. За брзо време напаѓачот бил убиен од страна на полицијата на истото место од каде што и пукал.

-Го лоциравме стрелецот на 32 кат од хотелот Менделеј Беј. Тој е мртов. Се работи за локален жител, изјави шефот на полицијата на ЛАс Вегас Џо Ломбардо.

Станува збор за 64 годишниот пензионер Стивен Педок. Според полицијата тој не бил член на терористичка група. Во крввиот поход користел автоматско оружје и според сведочењата испукал над стотина куршуми за време на настапот на американскиот пејач Џејсон Алдин .

– го гледавме коонцертот од источната страна на бината и слушнавме серија испукувања. Неверојатно но звучеше ако огномет, но како што продолжија да пукаат свативме дека нешто се случува. Голем дел од публиката почна да се наведнува и Џејсон Алдин кој бееш на бината почна да бега. Тогаш свативме дека нешто лошо се случува. Сите во публиката почнаа да се наведнуваат и да се кријат, што беше неверојанто да се гледа тоа, сите се држеа ниско и безбедно додека постојанбо с епукаше во групи од по 10 истрели, вели сведок.

14 од повредените се во критична состојба. Меѓу загинатите и повреднеите во најсмртоносниот вооружен напад во САД во последните 25 гоидни има и полициски службеници. Претседателот Доналд Трамп преку Твитер изрази длабоко жалење за жртвите и сочуство до нивните семејства .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1