Вооружена престрелка во Тетово, три лица повредени и пренесени на скопските клиники


Три лица се повредени во престрелка во Тетово и поради сериозноста на повредите пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Двајца имале прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија.

Од Ургентиот центар за МИА изјавија дека двајцата со повреди на абдоменот се оперирани и се во стабилна состојба. Се наоѓаат на Одделот за интензивно лекување.

МВР засега не соопштува детали за случајот. Повеќе информации најавува за подоцна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1