Воведени директни летови од Скопје до Берлин, секој понеделник и петок


Граѓаните на Македонија од вчера добија можност да патуваат до Берлин со директен лет. Во термините во понеделник и во петок, главниот град Скопје ќе биде поврзан со една од најпопуларните европски дестинации.

Fly-Germania500Полетувањето во првиот ден од неделата е во 21 часот додека непосредно пред викендот од „Александар Велики“ ќе се поаѓа во 18.30. Летот трае околу 150 минути, а почетната цена на билет во еден правец е 89 евра.
Авиокомпанијата „Германија” со седиште во Берлин опслужува три авиопревозници за линии до дестинации во Европа, Блискиот Исток, како и чартер-летови за туристички оператори до места во Европа, Северна Африка, но и за наем за други авиокомпании. Мрежата моментно опфаќа повеќе од 50 меѓународни дестинации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1