Француски брз воз ТЖВ излетал од шини и паднал во канал, по што се запалил во близина на Стразбур. Спасувачките екипи пристигнале на местото, каде засега има петмина загинати и судумина повредени.
Според локалните медиуми, возот не превезувал патници.
Државната служба СНЦФ потврди дека се случила несреќата, но не даде повеќе детали.
Дел од медиумите јавуваат дека ова нема никаква врска со терористичките напади во Париз, туку дека се работи за железничка несреќа.