Воз прегази 27 годишно момче во Гостивар


Гостиварчанец загина откако денеска околу 13 часот во него удрил воз на железничкиот премин на излезот од Гостивар, во непосредна близина кај фабриката Жито Шар.

vozzz500Станува збор за 27 годишниот Алден.Е. од Гостивар, кој им подлегнал на повредите и починал во медицинскиот центар во Гостивар.

Започната е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Патничкиот воз кој удрил во 27 годишниот пешак се движел на реалација Кичево – Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1