Воз се судри со камион во Германија, има жртви


Патнички воз во Германија се судрил на железнички премин со камион, има податоци за бројни жртви и повредени, објави агенцијaта DPA повикувајќи се на локалната полиција.

Инцидентот се случил во јужната сојузна покраина Баварија, објави агенцијата на својот профил на Twittter. Според изворите на DPA, судирот бил проследен со експлозија. Во патничкиот воз, кој сообраќал на регионална линија, имало околу 50 патници.voz22

Според електронското издание на магазинот Bild, во несреќата којашто се случила во близина на Оберфал, на преминот Фрајхунг, е потврдено дека најмалку едно лице загинало, а уште неколку други се здобиле со тешко повреди. Полициски извори додале дека има и полесно повредени во несреќата.  Исто така, се потврдува дека судирот бил проследен со експлозија.

Според првичните сознанија, камион со голема носивост кој припаѓал на силите на САД стационирани во Германија, се заглавил на железничкиот премин, а возот кој наидувал не можел навреме да запре.

Споменатата железничка линија е целосно блокирана, а на местото на несреќата се одвива голема операција на спасувачките служби и полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1