Воз смачка „Југо“ кај Драчево


Вчера околу 6:25 часот воз удрил во „Југо“ со скопски регистарски таблички, на патниот премин меѓу населбите Драчево и Јане Сандански.

Од ударот со полесни телесни повреди се здобиле двајца браќа на возраст од 23 и од 28 години, кои најверојатно во тој момент сакале да ја преминат пругата кога возот удрил во нивниот автомобил.

По судирот, повредените биле пренесени во Ургентниот центар каде им била укажана лекарска помош. Повредите со кои се здобиле не се од сериозен карактер.

Курир

PART_500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1