Воз удри во „голф“ кај Зелениково, повредени две лица


Вчера наутро во 07.20 часот на делот од пругата помеѓу ЖС Ново Зелениково и ЖС Орешани, на отворена пруга пред стојалиште Орешани, се случила железничка незгода во која патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки во кое имало две непознати лица.voz pruga3

Истите од ударот се здобиле со телесни повреди и со екипа на Итна медицинска помош биле пренесени во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. За време на увидот железничкиот сообраќај од 07.20 до 10.00 часот бил во прекин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1