Воз удрил во автомобил, почина возачот


Возот што во четвртокот сообраќал на релација Кичево-Скопје, кај радуша удрил во автомобил по што починал возачот на автомобилот.voz pruga3

Имено, несреќата се случила околу 21 часот, при што воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во автомобил марка „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.

Незгодата се случила по тргнување на возот од стојалиште Орешје кон железничка станица Радуша на првиот патен премин од левата страна.

Од ударот возачот на ПМВ се здобил со тешки телесни повреди по што починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1