Воз усмрти Сириец на пругата кај Демир Капија


Уште една жртва на пругите во Македонија повторно е мигрант од Сирија. Несреќата се случила синоќа во 19.25 часот на пругата кај надвозникот пред Демир Капија, соопшти СВР-Велес. Според првичните информации, станува збор за маж на 25-годишна возраст.

vozzz500

Мигрантите што транзитираат низ земјава на патот кон Европската унија ги користат пругите како ориентација и за да бидат помалку видливи од полицијата, но од почетокот на ноември ова е шеста несреќа, а досега животот го загубија седуммина возрасни мигранти и едно бебе, кое имаше само 45 дена.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и СВР-Велес, а по наредба телото е предадено на обдукција. Според информациите од полицијата, Сириецот се движел со 5-6 лица, кои побегнале по несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1